Роналдо е шампион - се обиде да „украде“ автогол (ВИДЕО)
Вечерва, сепак, дојде до една бизарна ситуација, можеби најбизарна во кариерата на португалската суперѕвезда. Неговиот Ал Наср конечно успеа да победи во 2026 година, ја прекина серијата од четири меча без триумф откако славеше на домашен терен против Ал Шабаб со 3-2. Роналдо не се запиша во листата на стрелците, но се обиде да го направи тоа на неспортски начин.
Во втората минута гостинските фудбалери имаа несреќна интервенција, Батобаид го измами својот голман и ја упати топката во сопствената мрежа. Јасно беше дека ќе заврши таму, но Роналдо, за секој случај, се обиде тој да ја поттурне и нему да му се брпи голот.
Сепак, не успеа во тоа и откако забележа дека нема шанси, само ја проследи топката со поглед, а притоа остана на 959 гола во кариерата.