Драма во Мелбурн: На девојче ѝ се слоши од топлото – тенисерката веднаш реагираше (ВИДЕО)

За време на мечот меѓу Екатерина Александрова и Зејнеп Сонмез беше видена вознемирувачка сцена, откако додека се чекаше на сервис на руската тенисерка, на едно од девојчињата – собирачка на топки – ѝ се слоши поради високите температури.

Таа падна на грб, а потоа се обиде да се исправи, но ситуацијата веднаш ја забележа Сонмез, која без двоумење притрча да помогне. Турската тенисерка сигнализираше кон судиите и персоналот, по што девојчето, со нивна асистенција, беше однесено во ладовина, каде што ѝ беше укажана медицинска помош. Причина за колабирањето била екстремната жештина за време на мечот.

По краткиот прекин, натпреварот продолжи, а Сонмез направи изненадување, совладувајќи ја Александрова (7-5, 4-6, 6-4).