Марсениќ: Додека сум јас капитен, нема да изгледаме како - селска екипа!

Капитенот на српската ракометна репрезентација и поранешен играч на Вардар, Мијајло Марсениќ вели дека не смее да се прави еуфорија по победата над Германија.

Српските ракометари синоќа направија сензација откако ја совладаа Германија, сега имаат голема шанса со победа над Австрија да се пласираат во следната рунда.

Поранешниот вардарец, Марсениќ вели дека тој како капитен нема да дозволи еуфорија, туку максимален фокус за следниот меч, Србија нема да биде селска екипа како во минатото.

„Во моментите кога се вративме, а јас бев на клупата, момците играа неверојатно добро. Сите веруваа, можеше да се почувствува вербата во нас, човек не е свесен колку може да направи кога верува во себе, Бог нè награди. Сега мора добро да се подготвиме за натпреварот против сериозен тим како Австрија. Како капитен, сега кога ќе влезам во соблекувалната веднаш ќе им кажам дека уште не сме направиле ништо за да ја смириме еуфоријата, во минатото ни се случувало тоа да се задоволиме само со некоја победа. Додека јас сум капитен нема да изгледаме како  некоја селска екипа, сакаме да останеме на турнирот и да почнеме да се подготвуваме за Австрија утре“, изјави Марсениќ.