Преговорите започнале: Раул Гонзалез ќе биде новиот селектор на Србија?!
Поразот од Италија е дополнителна причина да се пишува за смена на сегашниот селектор „Борис Ројевиоќ“, но како што пренесува „Моцартспорт“ уште пред дуелот со Италијанците во Ракометниот сојуз на Србија се воделе преговори и тоа со поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес.
Шпанскиот стратег кој на Вардар му ја донесе европската титула во 2017 година викендов како што се открива бил на преговори во српската престолнина, а сето тоа го дознале и членовите на репрезентацијата и тоа на еден необичен начин.
Наводно, Раул со делегацијата на српската репрезентација се сретнал на српскиот аеродром каде што селекцијата се подготвувала за летот во Рим, додека Шпанецот се враќал во Париз.
Премали се шансите Раул да бил во случајна посета на Србија и во јавноста се убедени дека се водат преговори. Според информациите планот на Ракометниот сојуз на Србија е Раул да пристигне по истекот на неговиот договор со ПСЖ во јуни 2025 година.