Поранешниот ракометар на Металург нов спортски директор на Партизан
Вугринец најголемиот успех во кариерата го направи со Целје кога во 2004 година ја освои Лигата на шампионите, истата година стигна и до среброто на Европското првенство.
Покрај Металург во богатата кариера го носеше дресот на Магдебург, Хамбург, Сан Антонио, Марибор, Ал Сад, Леквија, Макаби и Хапоел.
„Мило ми е што доаѓам во семејство какво што е ракометниот клуб на Партизан. Живеам во Белград веќе две години и сите сме навивачи на Партизан. Во клубот пристигнаа многу луѓе со големи амбиции и по еден состанок прифатив да ја преземам улогата на спортски директор. Партизан со својата историја и традиција заслужува да биде на патот кон освојување на титули, а верувам дека сите вистински љубители на ракометот во Србија сакаат еден српски клуб повторно да игра во Лигата на шампоните. На нас од Управниот одбор и менаџметот е да обезбедиме што подобри услови за ракометарите.
Во кариерата ја освоив Лигата на шампионите и знам колку е важно во екипата да се создаде хемија и сите да се чувствуваат важни, да функционираме како семејство и само така ќе ги оствариме нашите цели“, изјави Вугринец.