„Мојот тим покажа како се игра, им се реванширавме за поразот во Европската лига“

Пелистер го заврши своето прво учество на Ф4-турнирот во СЕХА-лигата на третата позиција, откако го совлада Нексе Нашице со 27-23.

Капитенот на битолскиот тим, Мирко Радовиќ постигна пет гола, по што кажа дека овој турнир ќе им помогна за следната сезона.

„Многу ќе ни користи овој турнир за новата сезона. Важно е тоа што ја кренавме главата по поразот од Веспрем. Ова беше машки, борбен дуел и им вративме на Нексе за поразот минатата сезона. Им се реванширавме за поразот Европската лига. Мојата екипа покажа како се игра како тим и се врати од негатива за да дојде до заслужена победа“, кажа Радовиќ.