Клоп донел одлука, познато е кој ќе биде прв голман на Германија
Новиот селектор Јирген Клоп одлучи да му ја укаже довербата на 34-годишниот голман, кој во дресот на Ајакс се обидува да ја оживее кариерата по речиси две години обележани со повреди и недостиг на континуитет.
Тер Штеген за Германија дебитираше уште во мај 2012 година, но за повеќе од 14 години собра само 44 настапи. Главната причина беше Мануел Нојер, кој со години имаше предност на големите натпреварувања.
Тер Штеген беше прв голман на Купот на конфедерации во 2017 година, кој Германија го освои, но на завршницатат на европските и светските првенства не доби можност.