Голема тепачка на дуелот помеѓу ривалите на Вардар и Пелистер во СЕХА (ВИДЕО)

Скандал од досега невидени размери беше виден синоќа во српскиот ракомет, откако дојде до општа тепачка во првиот финален меч помеѓу Војводина и Партизан (34-28, 26-26) одигран во Нови Сад.

Хаосот се случи пред крајот на првото полувреме, при водство на домашните со 12-6, кога поранешниот вардарец и сега ракометар на црно-белите, Вук Лазовиќ, имаше груб старт врз Мохамед Аиди. Тогаш, играчите на двете екипи влегоа во физички конфликт, имаше турканици, по неколку боксови, шлаканици, по што ситуацијата се смири.

На крајот, судиите му покажаа црвен картон на Лазовиќ, додека на неговиот колега Борис Радивојевиќ му доделија син картон, кој освен што значи исклучување од средбата сигурно носи и дополнителна казна.