Српскиот селектор Перуничиќ: Сакам Хрватска да освои злато на ЕП

Србија вчера загуби од Хрватска со 24-21 во последното 3.коло од групата А на Европското првенство во ракомет. Србите си одат дома со три порази во групата, додека „коцкестите“ се во главната фаза по максималниот ефект. 

Селекторот на „орлите“, Ненад Перуничиќ по натпреварот даде интересна изјава за медиумите. Во Грац, Хрватска имаше 5.000 навивачи, а Србија само неколку.

„Би сакал Хрватска да освои злато на ова Европско првенство само поради навивачите, а би сакал еден ден ова и нас да ни се случи, а не да останеме сами како што бевме тука во Грац“, истакна Перуничиќ.