
ЖРК Ѓорче Петров ги оправда очекувањата – и вторпат го преслуша Тиват!
Ова беше само формалност, со оглед што ѓорчепетровки првата средба ја добија со огромни плус 21, па дилемата беше дали во шеснаесетина финалето ќе се пласираат со два триумфа, или, пак, ќе си дозволат и мало опуштање. Тоа не се случи, македонскиот првак ја покажа класата и во Црна Гора, со што уште еднаш барем на малку потсети на деновите од историјата на овој клуб, некогаш најдобар во Европа.
Ризоска со седум погодоци беше најефикасна кај нашиот тим, а одлично издание имаа и Јанкуловска со пет и Коларовска со четири гола.