Внимавајте Македонци: БББ напаѓаат со ножеви и палки!

Откако пред два дена црногорски навивачи биле нападнати од загрепските „Бед Блу Бојс“, навивачите на Динамо загреб во близина на Арената по мечот Македонија – Црна Гора (29-28) завчера, Црногорците во детали опишаа што се случувало ноќта по мечот.

Загрепската полиција објави дека се работело за грабеж, а не за навивачка пресметка, па Црногорците ја објавија до детал целата случка.

„Ние деветмина, меѓу кои имаше и една девојка, тргнавме кон трамвајската станица и на тој дел од патот, кој е слабо осветлен, одевме заедно со Македонци, Словенци и Германци. Тука бевме и нападнати. Прво не пресретнаа три лица, кои требаше да не препознаат меѓу останатите навивачи. Тие и дадоа знак за напад. Од два правци тргнаа кон нас, околу 30-40 луше, со ножеви и со палки. Прво тргнаа кон девојката која беше со нас и и се заканија со нож мислејќи дека има знаме во торбата“, пишуваат Црногорците.

Загрепчаните ги ограбиле им земале поголема сума на пари.

„Затоа што оваа акција е изведена е на овој начин и дека бараа навивачко знаме, очигледно е дека нападот е на БББ. Меѓутоа, тие ги прекршија навивачките кодекси. Пред групата одеа луѓе кои се симпатизери, а не ултраси. Во групата имаше и девојка. Користеа ладно оружје, беа побројни. Се надеваме дека хрватските хулигани следниот пат ќе не дочекаат на вистински начин, според навивачките коденси, затоа што само пи*ки одат во чопор и бодат со ножеви. Срамете се загрепски јунаци“, додаваат Црногорците.