Вардар нема да биде сам против Мелсунген, Комити ќе може да патуваат во Германија!
Имено од Вардар информираа дека бил постигнат договор со германскиот клуб за обезбеден сектор за гостински навивачи.
Сите кои се заинтересирани билетите можат да ги обезбедат на линкот ТУКА, а истите се продаваат по цена од 20 до 25 евра.
Но, фановите на Вардар со вметнување на код (MBWE36L) ќе добијат попуст.
„Упатуваме благодарност до екипата на Мелсунген за коректната соработка и со нетрпение ги чекаме Европските натпревари“, порачаа од Вардар.
Натпреварот против Мелсунген Вардар го игра на 24 февруари дома, додека гостувањето е на 10 март.