Напаѓач кој има еден гол на 21 натпревар може да направи трансфер од 57 милиони евра
Останаа без капитенот Марк Гуехи кој се пресели во Манчестер сити, Жан Филип Матета исто така се поврзувшае со заминување, додека тренерот Оливер Гласнер потврди дека заминува на крајот од сезоната.
Тимот нема победа од 11 декември што е 11 натпревари и мораат да реагираат за да ја поправат сликата, меѓутоа потегот кој островоските медиуми го најавуваат за многумина изгледа како избрзан.
Според најавите наводно се подготвени да платат 51 милион евра како отштета и уште шест преку бонуси за напаѓачот на Вулвс, Јорген Станд Ларсен. Но, навивачите не се премногу задоволни затоа што Ларсен има само еден гол на 21 натпревар сезонава во Премиер лигата, па можеби станува збор за реакција на раководството кога нема многу решенија, а ниту премногу време.