Милев повторно замина на печалба, ќе игра во Унгарија!
Милев на паузата од првенството ја прекина соработката со актуелниот македонски шампион Струмица 47&72 каде ја извршуваше и функцијата претседател на клубот.
Македонскиот репрезентативец реши да потпише за клубот од Унгарија во кој и претходно има играно.
Милев го носеше дресот на Казинбарчика во периодот од 2017 до 2019 година, во тој период освои две шампионски титули и еден куп пехар.
Договорот е постигнат за до крајот на сезоната.