Мбапе удри по Реал како никогаш: Вака не игра шампионски тим
Французинот призна дека не му е јасен недостатокот на конзистентност на тимот оваа сезона бидејќи екипата не може да влезе во серија победи, сметајќи ги сите натпреварувања.
„Немам јасно објаснување. Ни недостасува континуитет во нашата игра, тоа е проблем што мора да го решиме. Не можеме да бидеме добри еден ден, а лоши следниот, тоа не е она што го прави шампионски. Малку боли бидејќи сакавме да го искористиме февруари за да се одмориме, но ја заслужуваме позицијата во која се наоѓаме.
Минатата недела одигравме неколку добри натпревари, но сега не, ни треба конзистентност. Ни недостасува по малку од сè. Не би рекол дека е само проблем на ставот или само на фудбалот, мислам дека е општ проблем, а во Лигата на шампионите секој детаљ е важен.
Ги молам навивачите на Бернабеу да излезат со желба да го поддржат тимот. Сè уште не сме елиминирани и сме во вистинската насока во Ла Лига. Ако Бернабеу е зад нас, ќе имаме одлична игра во недела“, рече Мбапе.
Иако јануари уште не е завршен, Реал веќе доживеа неколку разочарувачки резултати. Прво загуби од Барселона во финалето од Суперкупот, потоа беше елиминиран од второлигашот Албасете во Копа дел Реј, за синоќа да биде поразен и од Бенфика во мечот кој одлучуваше дали ќе игра во плејофот од Лигата на шампионите или директно во осминафиналето. Мбапе е единствената светла точка во тимот, досега постигна 36 гола во сите натпреварувања, но очигледно не може сам да ја носи екипата.