Збесна од радост: Реакцијата на Мурињо по голот на голманот Трубин (ВИДЕО)

Вчера во Лигата на шампионите се одигра и последното коло од лигашката фаза, а најголемо внимание секако привлече голот на голманот на Бенфика, Трубин против Реал Мадрид.

Бенфика имаше водство со 3-2, но поради гол-разликата беше зад Марсеј и со тој резултат не одеше во плеј-офот, Трубин погоди во 97-ма минута и на тој начин обезбеди бараж во Европа за својот тим.

Тој гол секако донесе голема радост и кај Жозе Мурињо кој бурно прослави.