Мбапе урна голем рекорд на Роналдо!

Килијан Мбапе постигна два гола на денешниот меч против Бенфика во Лисабон, а веќе со првиот урна голем рекорд на Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите.

Мбапе до овој меч имаше 11 голови во овој дел од Лигата на шампионите, исто колку Роналдо во сезоната 2015/2016 во првиот дел од сезоната во ова натпреварување.

Со денешните два гола, Мбапе има 13, два повеќе од Кристијано Роналдо, со тоа Французинот стана најдобар стрелец во историјата пред почетокот на елиминационата фаза.

На Мбапе сега му недостасуваат уште пет голови до крајот на Лигата на шампионите за да го надмине вкупниот број на голови на Роналдо во една сезона од елитното натпреварување. Португалецот има 17.