Поранешен играч на Црвена звезда го засили Партизан!

Кошаркарскиот клуб Партизан вечерва промовираше ново засилување, се работи за српскиот репрезентативец, Алекса Раданов кој доаѓа од Баерн Минхен.

Кошаркарот кој кариерата ја почна во Црвена звезда и нејзин член беше од 2015 до 2021 година, сега ќе го носи црно-белиот дрес на Партизан.

„Алекса Раданов е ново засилување на Партизан. Доскорешниот играч на Баерн од Минхен дојде до редовите на црно-белите по завршувањето на соработката со баварскиот тим“, стои во соопштението на Партизан.

Раданов ќе му се приклучи на новиот тим по враќањето на црно-белите од Милано.