Возрасни насилници влетале да тепаат деца на фудбалски меч во Тетово!
Од СВР Тетово информираат дека Т.Д. (47) од Тетово и П.Т.(47) од Тетово, тренер на детски фудбалски клуб, пријавиле насилство на спортски натпревар.
Инцидентот се случил во Тетово на меч меѓу екипите на Дарданија и Фит-кид, неколку лица влегле на теренот и се обиделе да нападнат играчи од екипата на Фит-кид.
За среќа, напаѓачите биле спречени од присуните, па инцидентот не ескалирал со поголеми последици.
Полицијата информира дека од слобода е лишен Х.М.(48) од Тетово, кој ги омаловажувал и полоциските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.