ФИФА пред најголем скандал во историјата на Светските првенства!

Воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран може да има влијание и на Светското фудбалско првенство кое треба да се одржи ова лето.

Последните информации велат дека е неизвесно учеството на Иран на Мундијалот кој своите натпревари треба да ги игра токму во САД.

Иако САД заедно со Израел е напаѓачот, а Иран е земјата која се брани, Иранците би можеле да бидат исфрлени од учество на Светското првенство. Делува апсурдно, но ова изгледа ќе биде уште еден од многуте примери кога силата ја победува правдата.

„Со она што се случи денеска и со тој напад од страна на САД, тешко е дека ќе играме на Светското првенство, но челниците на спортот се оние кои мора да одлучат“, рече претседателот на Иранската фудбалска федерација за телевизијата во Техеран.

На оваа тема се огласија и од ФИФА кои наскоро треба да ја донесат одлуката дали Иран ќе игра или не. Ставот го пренесе генералниот секретар Матиас Графстром.

„ Ги прочитав вестите за Иран утринава на ист начин како и вие. Имавме состанок денеска прерано е да се зборува за детали, но го следиме развојот на случувањата во светот. Ја имавме конечната ждрепка во Вашингтон во која сите тимови учествуваа. Нашиот фокус е на безбедноста на Светското првенство со сите тимови учесници. Ќе продолжиме да коминицираме со тројцата домаќини на Мундијалот како што и постојано правиме. Сите ќе бидат безбедни“, рече Графстром.

Доколку Иран го загуби учеството на Светското првенство, тогаш се очекува на нивно место да оди селекцијата на Обединетите Арапски Емирати.