Три гола на Јамал за три бода на Барса против Виљареал! (ВИДЕО)

Барселона со 4-1 го победи Виљареал, а три од четирите погодоци беа дело на Ламин Јамал, каталонскиот клуб сега има четири бода предност пред Реал Мадрид, но и натпревар повеќе.

Тоа беше меч меѓу лидерот на табелата и третопласираниот, па се очекуваше понеизвесен дуел, но Барселона лесно дојде до трите бода.

Резултатот беше отворен во 28. минута кога по асистенција од Фермин, Јамал даде гол за водство на Барса од 1-0.

Десет минути подоцна иста комбинација, Фирмин додава до Јамал, а тој постигнува нов гол, овојпат за 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.

По само четири минути игра во вториот дел, Геј погоди за Виљареал и намали на 2-1. Гостите се вратија во игра.

Но, во 69. минута Ламин Јамал комплетираше хет-трик, овојпат по асистенција од Педри, за водство на Барса од 3-1.

Конечните 4-1 беа дело на Роберт Левандовски во 91. минута.