Јакимовски: Победа е победа, веќе со мислите сме на следниот натпревар!

Македонија вчера на домашен терен славеше над Луксембург во претквалификациите за Европското првенство со 79-70, а нашиот најефикасен кошаркар на овој дуел, Андреј Јакимовски смета дека клучна била играта во одбраната.

Јакимовски дуелот со Луксембург го заврши со 17 поени и е задоволен од прикажаното на целата репрезентација.

„Одигравме солиден натпревар во одбрана, во нападот промашивме многу отворени шутеви и слободни фрлања, но сето тоа е процес. Сега со новиот селектор треба време и работа, за три-четири дена не може многу да се промени. Победа е победа, задоволни сме од тоа што го прикажавме и мислиме на наредниот дуел.

За следниот натпревар стручниот штаб и тимот немал премногу време за анализа, меѓутоа најважно е да се следат инструкциите на селектор.

„Немавме време за анализа на Азербејџан, тоа ќе го направиме во Баку. Селекторот си има свој систем кој се обидува да го пренесе на нас, работиме напорно, сега за сега, се оди според планот“.

Вториот натпревар од овој циклус, Македонија го игра в понеделеник на гости кај Азербејџан во кој ако славиме ќе дојдеме многу блиску до следната фаза.