Бомбардирањето на Абу Даби прекина кошаркарски натпревар, се огласи Евролигата! (ВИДЕО)

Квалификацискиот турнир за млади кошаркари во рамки на Евролига беше драматично прекинат поради нападот на Иран врз Абу Даби.

Абу Даби е домаќин на турнирот за новата генерација кошаркари, а учесници се екипите до 18 години на Реал Мадрид, Жалгирис, Арис, Монако, Дубаи, Абу Даби, Лондон Лајонс и Валенсија.

Во тек беше натпреварот меѓу Монако и Арис кој беше прекинат откако Иран изврши напад врз американски воени бази на Блискиот Исток, меѓу кои и една во Абу Даби.

Набрзо потоа се огласи и Евролигата со кратко соопштение:

„Евролигата и домаќинот активно ја проценуваат ситуацијата, а дополнителни информации ќе бидат соопштени навремено“, се наведува во нивното обраќање.