И Работнички го преслуша Шкупи, дебармаалци првпат врзаа две победи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Работнички го добија дербито на дното со веќе отпишаниот Шкупи со 3-0 и така за првпат сезонава врзаа две победи во низа.

Натпреварот не донесе ништо ново за Шкупи кој и денеска беше далеку да оствари позитивен резултат. Работнички доминираше од првата минута, а резултатот го отвори Манојлов во 37-та минута.

Тоа беше единствениот погодок во првиот дел. Продолжи иницијативата на домаќините и во второто полувреме, меѓутоа за повторно да се тресе мрежата на гостите од Чаир се чекаше завршница.

Тогаш прво екс-играчот на Шкупи, Мухарем стрелаше во 77. минута, а Ангелов три минути подоцна ги постави конечните 3-0. За Работнички како што споменавме ова беше втор триумф во низа откако во минатото славеше во Струмица против Брера со 4-3, но вкупно за дебармаалци стигнаа само до третата победа, а до крајот на сезоната ќе се обидат да избегнат испаѓање.

За Шкупи нема што многу да се каже, чаирчани се последни со само еден бод и веројатно веќе со мислите ранг подоле.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PrvaMFL (@prvamfl)