Втор викенд по ред дерби во Автокоманда - Алкалоид сака брза одмазда против Вардар!
Ждрепката сакаше веднаш по завршувањето на регуларниот дел, Вардар по вторпат во краток период да биде гостин на Алкалоид.
Минатиот викенд беше тесно, но на крајот Вардар успеа да слави важна победа која „црвено-црните“ ги доведе чекор поблиску до титулата.
Алкалоид кој нема победа над Вардар речиси две години сигурно ќе сега брза одмазда, меѓутоа на избраниците на Лазаров нема да им биде лесно. На табелата во плеј-офот Вардар влезе како лидер со 42 бода, Пелистер е втор со 38, Охрид има 37, а Алкалоид на четвртата поизиција 35.
Вардар во актуелната сезона засега изгледа најсигурно и во 22 дуели има само еден пораз и 21 победа, Алкалоид пак е на 16 победи, три победи и три нерешени натпревари.
Натпреварот денеска е закажан во терминот од 18:30 часот.