Усик ќе се бори против кикбокс-легенда пред пирамидите во Гиза (ФОТО)

Олександр Усик ќе го брани ВБЦ-појасот во тешка категорија против кикбокс-легендата Рико Верхувен.

Борбата е закажана за 23 мај во Египет, а настанот ќе биде организиран пред пирамидите во Гиза и ќе биде вистински спектакл.

Усик нема пораз во 24 настапи, откако „уништи“ голем број ривали и 15 битки ги заврши со нокаут, а Верхувен имал само еден бокс-меч во кариерата, и тоа во далечната 2014 година.