Револуција во „најбрзиот циркус“: ВАР-систем ќе се воведе во Формула 1
Досега најмногу проблеми се создаваа за време на трките кога болидите ги напуштаа границите на патеката, а само во 2023 година судиите добиле над 1.000 барања за прегледување на снимки.
ФИА ќе воведе нов видео систем кој со помош на вештачка интелигенција и напредна анализа ќе го следи секој болид и веднаш ќе испраќа податоци во централниот систем.
На тој начин судиите веднаш ќе добиваат информација кога болид ќе ја премине линијата и целосно ќе ја напушти патеката.
Употреба на новиот систем се очекува уште на првата трка во сезоната, односно за Големата награда на Австралија на 8 март.