УЕФА ги објави финансиите на екипите: Светскиот клупски шампион е во проблеми!
„Гардијан“ објави дека премиерлигашите не се среќни со одлуката на УЕФА да ги објави нивните финансиски извештаи, според кои Челси во претходната сезона бил во загуба дури 405 милиони евра.
Челси не е единствен со проблеми, туку големи загуби имале и премиерлигашите Тотнем и Астон вила, кои би можеле да се соочат со дополнителни санкции.
„Сините“ не ги демантираа податоците, но наведоа дека споменатата загуба не ја одразува реалната состојба во клубот.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club