Сензација во квалификациите: Се вратија од „минус 21“ и го шокираа фаворитот (ВИДЕО)

Во третото коло од квалификациите за Светското првенство (СП) се случи нова сензација во која настрада Литванија од Исланд (85-86).

На седум минути пред крајот Литванија имаше предност од 21 поен (56-77), но Исланд влезе во одлична серија и успеа да направи неверојатен пресврт за триумф.

Елвар Мар Фридриксон ја презема одговорноста во последните секунди и успеа да погоди за голема радост на Исланд.

Исланд и Италија по три одиграни кола имаат по две победи и еден пораз, додека Литванија и Велика Британија имаат по еден триумф и два порази.