Акоста победи на спринтот во Тајланд и испиша историја

Педро Акоста денеска победи на првата спринт трка која се возеше на Големата награда за Тајланд, а со тоа испиша и историја.

Акоста беше во битка со Марк Маркез, но ветеранот на крајот беше принуден да го препушти тронот на својот сонародник кој стана најмладиот победник на спринт-трките во Мото ГП. Акоста до ваквиот подвиг стигна со 21 година и 279 дена.

Во текот на спринтот двајцата мотоциклисти неколку пати го менуваа водството, а моментот на одлука се случи во самиот финишот кога видовме еден мал контакт при обид да го преткне. Судиите реагираа и позицијата беше вратена, па Акоста стигна до победата.

Последното место на подиумот му припадна на Раул Фернандез.