Паника во Белград: Кошаркари на Партизан се заглавени во Дубаи!
Се работи за кошаркарите Дилан Осетковски и Шејк Милтон кои во овој момент немаат како да се вратат во Белград.
Поради војната меѓу Иран против САД и Израел, во која е погодена и тероторијата на Обединетите Арапски Емирати, аеродромите во Дубаи се затворени.
Тренерот Жоан Пењароха им даде даде неколку слободни дена на кошаркарите, а Осетковски и Милтон одлучија да ги искористат за прошетка во Дубаи. Очигледно направија погрешен избор.