„Рафиња е во големи финансиски проблеми, се моли да потпише за Ал Хилал“

Поранешниот фудбалер Вампета, излезе со шокантни тврдења за Рафиња, вели дека ѕвездата на Барса има големи финансиски и семејни проблеми кои би можел да ги реши со трансфер каде што ќе заработи многу пари.

Во последно време името на Рафиња се поврзуваше со Ал Хилал. Наводно Бразилецот не ја затворил вратата за ваков трансфер и тој можно е да се реализира ова лето.

Поранешниот бразилски фудбалер, Вампета излезе со тврдења кои одекнаа шокантно во фудбалскиот свет.

„Рафиња се соочува со сериозни семејни и финансиски проблеми. Се моли дека ќе успее да потпише за Ал Хилал, бидејќи минува низ многу тежок период во животот. Верува дека еден ваков трансфер би можел да му помогне да ја промени ситуацијата и да ги среди работите“, вели Вампета.