Лудо попладне во Премиер лигата: Три натпревари - 19 гола! (ВИДЕО)

Лудо беше денешното попладне во Премиер лигата во кое на само три натпревари видовме дури 19 погодоци, нешто што е навистина реткост.

Најефикасно беше на дуелот на „Енфилд“ каде што Ливерпул беше подобар од Вест хем со 5-2. Победата избраниците на Слот ја обезбедија во првото полувреме во кое беа многу подобар противник и по првите 45 минути водеа со 3-0. Стрелаа Екитике во петтата минута, Ван Дајк во 24. и Мекалистер пред паузата во 43. Минута.

Вест хем не се откажа и само што почна вториот дел со голот на Соучек намали на 3-1. Ливерпул на 20 минути пред крајот со голот на Гакпо повторно се врати на три гола разлика, за Кастљанос да се погрижи за 4-2 пет минути подоцна. Конечниот резултат беше поставен со автогол на Дисаси во 82. минута.

Посебно драматично беше на теренот на Барнли каде што Брентфорд победи со 4-3.

Не изгледаше дека ќе гледаме драма кога по половина час со головите на Дамсгартд, Тијаго и Шаде Брентфорд водеше со 3-0. Барнли пред крајот на првиот дел преку Кајоде намали на 3-1.

По две минту игра во вториот дел погоди Антони веќе беше 3-2 за на истекот на еден час игра Флеминг да стрела за 3-3. До крајот истиот фудбалер и вторпат ја затресе мрежата, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Не изостанаа возбудувањата и во самата завршница кога Дамсгард во 93. минута постигна втор гол за 4-3. Длабоко во судиското продолжение видовме и уште еден поништен гол на домаќините поради игра со рака.

Во последниот трет натпревар беа постигнат пет погодоци и во него Евертон на гостински терен го изненади Њукасл со 3-2.  Брентвајт, Бето и Бери стрелаа за гостите, а Рамзи и Марфи за Њукасл.