Во ЛШ се посрамотија, но во Серија А доминираат - нова победа на Интер! (ВИДЕО)
Тимот на Киву доживеа срамна елиминација во Лигата на шампионите откако во плејофот двапати загубија од Бодо/Глимт, но во италијанската лига немаат конкуренција.
Денеска на своето конто додадоа уште три очекувани бодови, ја совладаа Џенова на домашен терен.
Резултатот го отвори Димарко со гол во 31. минута, со предност од 1-0 Интер замина на одморот.
Победата ја завери Чалханоглу со гол од пенал во 70. минута. 2-0 беше конечниот резултат.
Интер има 13 бодови повеќе од Милан, но росонерите имаат и меч помалку, утре му гостуваат на Кремонезе.