Алварез конечно даде гол и тоа каков - за победа на Атлетико во 94. минута! (ВИДЕО)
Овиедо е најслабиот тим во Ла Лига, но малку фалеше да направи изненадување против Атлетико Мадрид кој одигра лош меч, но дојде до трите бода.
Алварез во игра влезе во второто полувреме, а кога сите очекуваа дека мечот ќе заврши без победник, тој даде гол. Погоди во последните моменти од мечот за победа и скок на третото место во Ла Лига.
Момците на Симеоне дотолку изгледаа неубедливо денеска што шутот за гол на Алварез беше и нивниот прв во рамките од голот.
Херој беше Јан Облак кој имаше неколку неверојатни интервенции: