Нов гол на Растодер, Тун веќе може да почне да ја слави титулата!
Растодер погоди во 29. минута кога му донесе водство на Тун од 2-0. До крајот на мечот гостите дадоа еден погодок, но не го изненадија фаворитот.
За Растодер ова беше вкупно 11. гол оваа сезона во најдобрата швајцарска лига, има и четири асистенции. Македонскиот напаѓач е на четвртото место на листата на стрелци во лигата.
Тун веќе може да ја слави титулата бидејќи по 27 одиграни кола има дури 14 бодови предност пред Сент Гален. Разлика која изгледа недостижно.