Бундес-дерби со луд финиш, Баерн ја победи Борусија во Дортмунд! (ВИДЕО)
Мечот почна идеално за Дортмунд, поведоа со гол на Шлотербек во 26. минута од натпреварот. Со нивна предност од 1-0 заврши првото полувреме.
Но, потоа на сцена стапи Хари Кејн, Англичанецот најпрво погоди во 54. минута за израмнување на 1-1, а во 70. минута даде гол и за пресврт и водство на Баерн од 2-1. Сепак тоа не беше се.
Во 83. минута Свенсон го изедначи резултатот на 2-2, но ова реми траеше само четири минути бидејќи тогаш Кимих погоди за победа на Баерн од 3-2.