Лукаку се врати, со гол во 96. минута му донесе победа на Наполи! (ВИДЕО)
Наполи играше против најслабиот противник во Серија А, но малку фалеше да направат кикс, ги извади Лукаку во последните моменти.
Натпреварот тргна совршено за тимот на Конте, Наполитанците поведоа уште во втората минута со гол на Хојлунд.
Тој резултат беше актуелен се до 65. минута кога Акпа Акпро изедначи на 1-1 и внесе паника во редовите на актуелниот шампион.
Лукаку кој полека се враќа по долгата пауза поради повреда, во игра влезе во 73. минута и се покажа како џокер.
Кога сите очекуваа крај на мечот, Лукаку постигна гол во 96. минута и му донесе победа на Наполи од 2-1. За негов ова беше прв гол оваа сезона, во вистински момент.