Арсенал заврши перфектно, Реал разочара - Спортинг и Бенфика најголеми победници!
Арсенал остави најголем впечаток откако го заврши лигашкиот дел со осум победи од исто толку натпревар. Победа помалку имаше Баерн Минхен кој единствено загуби токму од топчиите.
Пред овој меч Реал Мадрид беше во топ осум, но португалските екипи Спортинг и Бенфика го бутнаа кралскиот клуб надвор од тимовите кои одат директно.
Бенфика го победи Реал Мадрид во Лисабон, но за паѓањето на кралскиот клуб на деветтата позиција заслужен е и Спортинг кој даде гол во 94. минута во Билбао и скокна на седмата позиција со што го турна шпанскиот гигант надвор од топ осум.
Двата португалски тима му пресудија на кралскиот клуб.
Особено лудо беше во Лисабон, каде на Бенфика ѝ требаше уште еден гол против Реал, а тој го даде голманот Трубин во 98. минута.
Директен пласман во осминафиналето од ЛШ обезбедија: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотнем, Барселона, Челси, Спортинг, Манчестер Сити
Во плејофот ќе играат: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах, Бодо/Глимт, Бенфика
Елиминирани се: Марсеј, Пафос, Ројал Унион, ПСВ, Атлетик Билбао, Наполи, ФК Копенхаген, Ајакс, Ајнтрахт, Славија Прага, Виљареал, Каират Алмати.