Челси го исфрли Наполи од Лигата на шампионите, Елмас заврши со Европа!

Челси со 3-2 победи на гостувањето кај Наполи, Елиф Елмас беше стартер на мечот, но уште еднаш се потврди дека Антонио Конте не е тренер за елиминациски турнири, Наполитанците го завршија настапот во Лигата на шампионите.

На Наполи му беше потребна победа против Челси, но не успеа да дојде до неа иако водеше со 2-1 по првото полувреме. Челси го сврте резултатот во вториот дел и дојде до победа од 3-2.

Елмас беше стартер на натпреварот и играше до 82. минута кога на негово место влезе Лукаку, тоа беше враќање за напаѓачот по големата повреда.

Интер со 2-0 ја победи Борусија во Дортмунд и завери директен пласман во осминафиналето.

Изнанедување направи Бодо/Глимт кој го победи Атлетико во Мадрид и обезбеди плејоф.

Резултати од последното коло во ЛШ:

Ајакс - Олимпијакос 1-2
Арсенал - Каират 3-2
Атлетик Билбао - Спортинг 2-3
Атлетико Мадрид - Бодо/Глимт 1-2
Барселона - Копенхаген 4-1
Леверкузен - Виљареал 3-0
Бенфика - Реал Мадрид 4-2
Дортмунд - Интер 0-2
Клуб Бриж - Марсеј 3-0
Ајнтрахт - Тотнем 0-2
Ливерпул - Карабах 6-0
Манчестер Сити - Галатасарај 2-0
Монако - Јувентус 0-0
Наполи - Челси 2-3
Пафос - Славија Прага 4-1
ПСВ - Баерн 1-2
Ројал Унион - Аталанта 1-0