МЗТ ја среди Подгорица, но пропушти да ја набилда кош-разликата (ФОТО)
Екипата од Аеродром ја доби првата четвртина со 15-11, по што продолжи да го полни кошот на Подгорица и до паузата меѓу двете полувремиња предноста достигна +14 (34-20).
МЗТ доминираше и во третата четвртина, па нивното водство достигна +22 (54-32). Подгорица, сепак, успеа да се врати во последните 10 минути во кои почна да ја топи негативата зад скопскиот гигант и намали на минус осум (53-61), меѓутоа тимот од Аеродром успеа да возврати и да слави со 67-54.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Душан Танасковиќ со 14 поени и 13 скокови, додека најдобар кај Подгорица беше Данило Ивановиќ со 16 поени, три скокови и една асистенција.
Standings provided by Sofascore






