Какво лудило во Лисабон: Голманот на Бенфика даде гол во 98. минута за плејоф! (ВИДЕО)

Бенфика со 4-2 го победи Реал Мадрид и се пласираше во плејофот од Лигата на шампионите, а херојот беше голманот Трубин кој даде гол во 98. минута.

На Бенфика ѝ требаше уште еден гол за да оди во плејофот, а тој дојде на неверојатен начин, Трубин погоди во 98. минута за историја, гол кој ќе се памети и прераскажува со децении.

Што се однесува до мечот во целост, тој беше спектакуларе. Бенфика тргна офанзивно од самиот старт и создаваше шанси, но Реал Мадрид во 30. минута преку Мбапе поведе со 1-0.

Сепак на полувремето се отиде со водство на Бенфика од 2-1 благодарение на голови на Шјелдеруп и Павлидис.

По девет минути игра во вториот дел Шјелдеруп даде уште еден гол за 3-1, но Мбапе во 58. минута намали на 3-2.

На Бенфика ѝ требаше уште еден гол за да се протне во плејофот, тоа го знае тие бидејќи сите други мечеви беа завршени.

Мурињо им рече на сите фудбалери да одат во шеснаесетникот, а голманот Трубин даде гол за историја и голема победа од 4-2.

Со овој пораз Реал Мадрид падна во плејофот, не успеа да избори директен пласман во осминафиналето.