Нокаут фазата од ЛШ може да донесе мега пресметки: Реал со Сити, Барса со ПСЖ... (ФОТО)

Новиот систем на натпреварување во Лигата на шампионите донесе извонредна драматичност во последното коло од лигашкиот дел, а сето тоа беше само вовед во она што следува во нокаут сегментот.

Пласман во осминафиналето не успеаја да обезбедат гиганти како Реал, ПСЖ, Инер, Јувентус..., па веќе во плејофот се можни неколку интересни пресметки. Занимливо е тоа што Реал и Бенфика би можеле да се сретнат повторно веќе во февруари, но во двомеч бидејќи шпанскиот тим го освои деветтото, а португалскиот 24. место во лигашкиот дел.

Ако нема изненадувања во плејофот, осминафиналето би можело да донесе барем две мега пресметки иако сето тоа зависи од ждрепката што ќе се одржи дополнително. Можна се нови пресметки меѓу Реал и Манчестер Сити или Барселона и ПСЖ, дуели кои веќе ги имаше во лигашкиот дел од елитното натпреварување.