Трубин влезе во одбрано друштво: Само тројца голмани постигнале гол од игра во ЛШ

Анатолиј Трубин од синоќа е херој на навивачите на Бенфика откако постигна гол длабоко во судиското продолжение против Реал и го одведе својот тим во плејофот од Лигата на шампионите.

Освен големиот успех што му го донесе на својот тим, Украинецот влезе во одбрано друштво на голмани кои успеале да постигнат голови во Лигата на шампионите. Во тоа друштво, тој е петти член, но само трет кој ја тресел противничката мрежа од игра.

Пред него, такво нешто им успеало Синан Болат од Стандард Лиеж против АЗ Алкмар во 2009 година и Иван Проведел од Лацио против Атлетико Мадрид во 2023. Уште двајца голмани се запишале во листата на стрелците во Лигата на шампионите, но од пенали: Ханс Јерг Бут кој погодуваше како член на Хамбург, Баер Леверкузен и Баерн Минхен и Венсан Енјеама во дресот на Хапоел Тел Авив.