Рибакина ја мина Пегула за финале на Австралија опен!
Првиот сет Рибакина го доби со 6-3, во него таа беше перфектна на свој сервис, направи еден брејк, што беше доволно за да поведе со 1-0.
Вториот сет беше многу потежок за Рибакина иако на почетокот не изгледаше така. При водство од 5-4, казахстанската тенисерка пропушти три меч топки и дозволи на Пегула да се врати.
Мечот отиде во тајбрејк во кој Пегула имаше и две сет топки, но пропушти да израмни на 1-1, Рибакина го доби тајбрејкот со 9-7 и победи со 2-0.
Во големото финале таа ќе игра против првата фаворитка, Арина Сабаленка која претходно беше подобра од Елина Свитолина.