Aлкалоид ја засили конкуренцијата - потпиша со македонски бек!

Екипата на Алкалоид потврди засилување на бековската позиција каде што пристигнува 26-годишниот Филип Николов.

Станува збор за ракометар кој пристигнува од редовите на Бутел со цел да ја засили конкуренцијата. Покрај Бутел, Николов во криерата настапуваше уште за екипите на Радовиш и Охрид.

Алкалоид денеска исто така информираше и дека ракометарите кои имаа репрезентативни обврски ги почнале подготовките за првиот натпревар од вториот дел од сезоната кој ќе се игра на 7/8 февруари против Пролет.