Попзлатанов седмо засилување за Работнички во овој преоден рок

Eкипата на Работнички попладнево го објави и седмото засилување во овој преоден рок, Јован Поплзатанов.

Тимот од Дебар Маало поради лошите резултати во првиот дел од сезоната е еден од најактивните, а Попзлатанов пристигнува по ангажманот кој го имаше во Македонија Ѓорче Петров.

Претходно во кариерата, Попзлатанов беше дел од:Вадаар, Пелистер и Тетекс во Македонија, а единственото интернационнално искуство го има во Летонија во Рига.

Пред него во Работнички пристигнаа: Зија Мерџани, Сухел Мухареми, Никола Пејовиќ, Ардит Дестани, Егзон Белица и Марио Талаков.