Нови детали: Возачот на комбето со навивачи на ПАОК во крвта имал алкохол и дрога

И понатаму тема во регионот е страшната несреќа во која загинаа седум навивачи на ПАОК, а сега е објавено дека возачот на комбето бил позитивен на тестот на алкохол и дрога

Техничката експертиза за можно блокирање на воланот за време на претекнување сè уште не е завршена, но токсиколошката анализа потврди дека возачот бил под дејство на канабис и кокаин.

„Потврдена е и присутноста на алкохол“, изјави Бертa Серена Константинеску, портпаролка на Канцеларијата на обвинителот при судот во Лугој. На местото на несреќата биле пронајдени и кеси со супстанции кои можеби се психоактивни, но официјалните резултати од тестовите сè уште не пристигнале.

Во врска со информациите дека автомобилот имал технички проблем и дека воланот се блокирал за време на претекнувањето, истражителите се уште не можат да се изјаснат.

Две од трите преживеани лица од несреќата во близина на Лугој се превезени во Солун со медицински авион на грчкото Министерство за здравство. Едно од нив ќе остане на хоспитализација, додека другото ќе биде пуштен на домашно лекување.

Трагедијата се случи недалеку од границата со Србија, а навивачите патувале кон Франција на натпреварот против Лион од Лига Европа.