Мато: Во Хартс сум како дома, си го остварив сонот!

Екипата на Хартс денеска го промовираше Роџерс Мато кој го напушти Вардар и во шкотскиот клуб ќе настапува како позајмен фудбалер до лето по што ќе биде откупен неговиот договор од „црвено-црните“.

Мато веќе одработи и еден тренинг со новите соигачи, а како што вели трансферот во Хартс за него е остварување на сонот.

„Задоволство е да се биде тука, ми се оствари сонот со трансферот во Хартс, сите веднаш ме прифатија. Се чувствувам како дома, спортскиот директор има визија иста каква што имам и јас. Се радувам и на настапоте пред наввивачите. За шкотскиот фудбал разговарав и со моитте соиграчи од репрезенттацијата, имаа само пофални зборови“, изјави Мато.