Вардар е задоволен од тренерот: Милано потпиша нов договор!

Поранешниот европски шампион Вардар соопшти дека тренерот Гиљермо Милано и следната сезона ќе биде на кормилото на скопскиот гигант.

Аргентинецот пристигна во Вардар во ноември 2024 година, а оттогаш запиша 18 победи, две ремија и еден пораз, по што се договори со скопската екипа за продолжување на соработката.

Вардар оваа сезона е во трка за двојната круна во Македонија, односно викендов игра полуфинале на Ф4-турнирот во Охрид, а исто така е во добра позиција и за шампионскиот пехар во македонската Суперлига.